7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Стерјовска: пожарот во Мариово има размери на „чудовиште“!

Кризниот штаб со кој што раководи претседателот на Совет на Општина Прилеп Ирена Стерјовска во континуитет од синоќа е во заседавање со цел справување со пожарот во прилепскиот дел од Мариово. По координацијата претпладнево, денеска од терен Стерјовска посочува дека станува збор за пожар од големи размери за што алармирани се и веќе делуваат противпожарни екипи од повеќе градови од Македонија, од војската и од полицијата.
Благодарение на координираната акција одредени локации, селата се надвор од опасност. Следува „вечерна пожарна стража“, вели Стерјовска:

Стaнува збор за пожар кој има размери на “чудовиште” затоа што линијата на опожарениот појас е веќе повеќе од 20км. Ако изминатото деноноќие во опасност беше селото Бонче каде со помош на противпожарните единици од Прилеп, Битола, Кавадарци, Могила, Новица и доброволното битолско Здружение Архангел Михаил пожарот беше спречен да се прошири и зафати дел од куќите и добитокот, ова попладне и вечер критично е кај село Крушевица. Овој пожар има два фронта, лево и десно напаѓа кон селото и го загрозува истото. Денес на вчерашниот повик од Кризниот штаб одговорија и противпожарните екипи на единиците од Охрид, Ресен, Радовиш, Свети Николе и секако изразувам огромна благодарност на нивната подадена помош. Исто така огромна благодарност на Армијата на РМ кои и со по неколку саати остануваа длабоко навлезени во густиот чад. Воздушната поддршка која беше активна денес со еден хиликоптер и со еден авион беше навистина од помош до оние граници кои ги дозволуваше густината на чадот по безбедноста. Селото Пештани не е загрозено, пожарот е високо во планината, с.Дуње и с.Кален не се во опасност, над с.Кокре гори високо во планината. Постои едно жариште кај репетиторите над Штавица каде денес гаснеа екипите од Национални шуми, а во теков на ноќта ќе има пожарна стража бидејќи станува збор за многу стрмен и непристапен терен. Пожарникарските екипи остануваат на терен, а Кризниот штаб продолжува со координација од 20ч за текот на ноќта и активностите за утрешниот ден. АПЕЛИРАМ до целото население да не се креваат паники, да не се прават непотребни тензии помеѓу било кого што би довело до непотребно трошење и насочување на енергијата во друго поле надвор од фокусот, а тоа е ПОЖАРОТ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Проданоски: Јас сум непоправлив оптимист, годината пред нас ќе биде поуспешна

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Пописот одложен за септември

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе