1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Со љубов засадената шумичка кај Селце им се спротивстави и на пожарите и на сушата

Се сеќавате ли еко акцијата кога пролетва по иницијатива на малата Миа Шејкероска од ООУ „Кочо Рацин“беа засадени 2000 дрвца кај Селце? По изразената идеја и желба на Миа за пошумување на еден од часовите во училиштето,  еко акцијата набрзо потоа се реализираше. Се вклучија нејзините соученици, наставници, а  поддршката не изостана од компании, од јавни претпријатија за да се оствари оваа детска желба за здрава животна средина.

Ете, таа мала шумичка која беше засадена од вредните детски раце пролетва, на 21 март оваа година, напредува и се развива. Дрвјата растат и им пркосат на екстремно високите температури ова лето, на пожарите кои пустошеа во непосредна близина.

Дрвјата не само што преживеаја, туку растат и се развиваат,  а еко акцијата треба да биде поттик и за други иницијативи за пошумување во кои ќе бидат вклучени деца:

Посочуваат од македонски бренд за детска облека „Тила“ Прилеп кој што беше дирекно вклучен во еко акцијата и со радост ја сподели информацијата како убав пример дека кога се работи со љубов и со искрена желба тоа се враќа со добро.

После катастрофалниот пожар кој што предизвика огромна еколошка штета во Мариово, ова е уште една инспиративна приказна за тоа што може да предизвика детската желба и љубовта кон природата, кон желбата за здрава животна средина која што треба да се гради уште од мали нозе.

Би можело да ве интересира

Охрид и Еурофарм Пелистер 2 финалисти на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

Мудар народ, но во генот мирен и послушен

Елизабета Филипоска

Концерт на женскиот хор „Керамија“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе