16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Распишан јавниот повик за стипендирање студенти на Економскиот факултет Прилеп

Општина Прилеп ќе додели 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во Прилеп. Јавниот повик за пријавување е распишан. Целта е да се покаже опшествена одговорност кон младите за нивно академско усовршување во општината каде живеат, како и за обезбедување социјална заштита на социјално ранливите категории на студенти од Прилеп.

Јавниот повик е на следниот линк. 

Стипендиите ќе се доделуваат на студенти кои ќе се запишат на Економскиот факултет во Прилеп во тековната академска година во прв и втор уписен рок, како редовни студенти. Стипендиите ќе се однесуваат на партиципацијата за студирање за првата академска година. Конкретно, по 10 стипендии ќе добијат новите студенти во категориите за најдобри студенти и студенти од ранливата категорија граѓани. Јавниот повик за пријавување на студентите за стипендии ќе трае пет дена. Сите услови се утврдени со правилник на Општината за стипендирање студенти.

Би можело да ве интересира

Поетска вечер во Прилеп по повод Светскиот ден на поезијата

Општина Прилеп: Реконструкција на 3 детски и 2 училишни игралишта, изградба на спортска сала во основно училиште

Тутунска надеж: заштитната опрема е репроматеријал, а не „друг приход“!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе