7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

По денешниот пораз оставка на тренерот на Победа

По денешниот пораз од Башкими (3:1) во Гостивар, шефот на Стручниот штаб на Победа, Јане Николоски, поднесе оставка. Истата е прифатена од Управниот одбор на клубот. Образложението е едноставно и јасно – низата од негативни резултати, серијата од три пораза со ред, пласманот блиску до дното по седум одиграни кола.

Инаку, Јане Николоски точно пред една година го наследи Филип Мирчески, во сезоната кога младиот прилепски тим на крајот избори опстанок во Втората лига.

По денешнава одлука, стручниот дел од работата во Победа ќе го води Стојанче Дунимаглоски, досегашниот помошник-тренер, а во улога на негов соработник е Христијан Сркески, тренерот на голманите. До следниот меч има пауза, гостувањето кај Вардар во Неготино е на 19 октомври. пишува “Шампион“

shampion.mk​

 

Би можело да ве интересира

ПОБЕДА ДОМА СО КИТ-ГО, БРАТСТВО ВО ВИНИЦА

Елизабета Филипоска

ДВАЈЦА ЗАМИНАТИ, ДВАЈЦА ДОЈДЕНИ ВО ПОБЕДА?

Гордана Цветаноска

Mладинскиот тим на Победа денеска на потег до успехот во Лигата на Шампиони

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе