23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прв бод на Победа!!!

На гостински терен кај шампионот Шкупи фудбалерите на Победа го освоија првиот бод во годинешното првенство на Првата лига. Пресудни беа  максималното залагање, дисциплина во играта и пожртвуваност на секој дел од теренот на Чаир. Дуелот со Шкупи по 6-те минути продолжение заврши без победник 1-1.

Домаќините поведоа преку Цефас во 81-та минута, а голот за 1-1 и прв бод за Победа го постигна дебитантот во црвено-белиот дрес Иван Галевски во 84-тата минута.
Домаќините имаа зицер за Победа, но и неколку шанси кои Тофилоски ги одбрани, но и црвено-белите можеа да стигнат до 3 бода, но ударот на Тодороски голманот Иљази го одбрани.
В недела во следното 6-то коло Победа ја очекува ново гостување во главниот град – од 16 часот на Скопје на теренот во населбата Железарница.

Би можело да ве интересира

Дамески: Дали стрелец или тренер? сигурно го одбрав вистинското за мене (ФОТО+ВИДЕО)

Никола Димески

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Пела Редакција

Пандовски: Да се обединиме и да им помогнеме на дечињата болни од канцер

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе