0.8 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Филмот „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан во Прилеп

Во вторник, 22 октомври од 19.30 часот, во кино Мис Стон во Прилеп, ќе биде прикажан филмот „Бизнисот на задоволството“ по сценарио и во режија на  Гоце Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ е еден од првите македонски филмови кој се снимаше додека на сила беа строгите ковид мерки. Приказната следи новинарка која, опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа на трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.
Фестивалската  македонска премиера на овој филм се случи на 18 јули минатата година, а годинава на 19 септември ја доживеа својата кинопремиера.
Филмот досега учествуваше на дваесетина фестивали во Македонија и во светот и десетина пати е наградуван со престижни награди меѓу кои и наградата за најдобар филм врачена од Италијанската полиција во рамките на фестивалот „Интернешнал Полис Артс Авардс Фестивал“(International Police Arts Awards Festival – IPAAF) во Тоскана, Италија.
Влезници можат да се купат на билетарницата од кино Мис Стон во вторник од 10 до 12 часот или еден час пред почетокот на проекцијата.

Би можело да ве интересира

Безмалку, едно деноноќие четири прилепски населби останаа без вода

Елизабета Филипоска

Прекин во водоснабдувањето на ул. Димитрија Чуповски

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Како да се заштитат земјоделските насади од температурните шокови и високиот УВ индекс?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе