14.8 C
Прилеп
вторник, 22 октомври, 2024
Пела Радио

Целовечерен концерт на ансамблот „Стефче Стојковски“ во Прилеп

На 25 октомври со почеток од 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, целовечерен концерт ќе одржи  виртуозниот инстументалист Стефче Стојковски заедно со неговиот ансамбл за народни инструменти и песни.  Гости на вечерта ќе бидат членовите на Октет Прилеп и културно-уметничкото друштво „Моминок“.

Виртуозот на изворни народни инструменти Стефче Стојковски, љубовта кон народните инструменти ја добил од неговите дедо и татко, долгогодишни членови на традиционални фолклорни ансамбли. На седум години почнал да свири на кавал, а на девет ја имал првата аудио снимка. Во 1997 година формира свој ансамбл на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски“. Во над триестгодишната кариера има издадено повеќе аудио и видео материјали, а работи и на филмска музика. Љубовта кон фолклорот на Стевче Стојковски му ја всадиле неговите дедо и татко кои исто така свиреле на народни инструменти и биле дел од фолклорните ансабмли.

  • Тие ме учеа уште од дете да знам што е наша македонска традиција и што значи за нас свирењето на изворни инструменти. Ми ја пренесоа љубовта кон своето, музиката, песната, орото кои не одржале со векови и се симбол на нашиот ентитет и културен идентитет-раскажува Стојковски.

Своевремено бил и најмладиот победник на Фестивалот на народни песни и игри “Пеце Атанасовски” во село Долнени. Љубовта кон музиката но и талентот подоцна му овозможиле да учи и да ги совладува свирачките вештини и на други народни изворни инструменти.

Како млад и талентиран инструменталист Стефче имал можност да настапува на сите познати фестивали во Македонија но и поранешна Југославија.Но, вели дека со тоа имал и можност да учи и соработува со повеќе врвни музичари и инструменталисти, а посебно го издвојува незаборавниот гајдаџија Пеце Атанасовски.

  • Чичко Пеце Атанасовски е еден од моите први учители и тоа ми претставува посебна чест и задоволство и на некој начин сум благодарен за сето она што тој го остави за нас и идните генерации. Токму јас и го заменив во Народниот оркестар на МРТВ-вели Стојковски.

За своите настапи Стефче има добиено и повеќе награди и признанија меѓу кои и наградата во Јужна Кореја од УНЕСКО за зачувување и негување на традицијата и културата.

Влезот на концерот е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Се собраа уметниците – почнуваат да творат на ликовната колонија Дрен

Елизабета Филипоска

(Видео) Кој е тајниот загадувач што ги труе прилепчани?!

Пела Редакција

ЗАЕДНО СО МАКЕДОНСКАТА ФОЛК ЕСТРАДА : Блага Петреска : Мојот Прилеп секогаш ме воодушевува! (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе