-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

На денешен ден почнало ослободувањето на Прилеп

Воената битка за ослободување на градот Прилеп водена од страна на Народноослободителната армија на Македонија во соработка со Југословенските партизани против Третиот рајх и Бугарската фашистичка окупација, почнала на 29 октомври 1944 година. 

Ослободувањето на Прилеп се смета за една од најисктакнатите битки при Завршните операции за ослободување на Македонија.  

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба на 28/29 октомври 41-та и 49 -та девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41-та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на 21 бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон почнал напад. Но, Германските сили ги збиле редовите и го одбиле првиот и вториот јуриш. По 40 часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бригадата се држела добро и давала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле помогнати од артилериско оружје, а партизанските трупи, иако биле со малку муниција, го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун. Потоа сите сили ги упатиле кон Плетвар, каде успеале да направат продор меѓу позициите на 21-та бригада. Но, обидите биле спречени од страна на Штабот, кој издал наредба 5-тата бригада да нападне од кај касарните и да го пресече патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември почнал последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели од кај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Околу седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп и во градот влегле ослободителите.

Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4 – ти ноември.

Токму затоа градот Прилеп, е нарекуван град херој, а 3 Ноември е прогласен за Ден на ослободувањето на Прилеп. Секоја година со пригодна програма и свечена седница Општината Прилеп, го одблежува овој ден доделувајќи награди за најзаслужните граѓани во повеќе области. 

Би можело да ве интересира

За изнудување пари од крушевчанец, уапсени двајца скопјани

Гордана Цветаноска

Како Прилеп ќе го одбежи 15-ти октомври, Меѓународниот ден на руралната жена?

Елизабета Филипоска

Пиво Фест 2022 : Забава за сите генерации – Љубојна ги разигра посетителите (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе