20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Започна електронското пријавување за упис во средните училишта

Во Македонија почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година на располагање се над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта.

Според објавата на Министерството за образование и наука, најмногу слободни места има во стручното образование – повеќе од 17.000. Речиси 6.000 места се предвидени за гимназиско образование, а 570 за уметничко образование.

Полуматурантите се пријавуваат електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, со користење на сопствените кориснички сметки од schools.mk. По електронското пријавување, потребната документација се доставува во училиштата во кои учениците конкурираат. Тоа значи дека процесот е дигитален во првиот чекор, но сè уште бара будност, присуство и навремено следење на училишните објави.

Во јунскиот уписен рок се предвидени две електронски пријавувања. Првото трае од 12. јуни до 15. јуни, а второто е на 23 јуни. Августовскиот рок е закажан за 20. август.

Учениците и родителите треба внимателно да ги следат објавите на училиштата во кои конкурираат, особено за доставување документација, ранг-листи, слободни места и второто пријавување. За официјални информации најсигурно е да се проверуваат страниците на МОН, порталот за електронски услуги и конкретните училишта.

Би можело да ве интересира

Неисправна вода за пиење во повеќе јавни чешми во прилепско

Мето-прогноза: Не очекува врнежлива недела!

Филипче: Изборот во Прилеп никогаш не бил појасен и полесен

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе