Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите.
Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со повеќе од 25 години искуство во професијата, ја сподели визијата за центарот: „Наш мотив се децата – не само да ги описменуваме, туку да обрнеме внимание на нивниот целосен развој од најрана возраст, па сè до адолесценција.“
Еду Шампиони располага со современи услови за работа: трите објекти се лоцирани во близина на училишта и обезбедуваат простории со идеални услови за учење, игра и развој. Просторот е организиран во три сегменти – физички, креативен и едукативен – каде децата се стимулираат во различни периоди од денот.
Во Центарот работи стручен кадар од искусни професори по англиски и германски јазик, воспитувачи и одделенски наставници со долгогодишно искуство. За групите за ран детски развој се ангажирани две наставнички кои целосно се грижат за децата од 8 до 16 часот.
За успешниот развој на Еду Шампиони клучна е доверба на родителите кои ја препознаваат сигурноста и квалитетот на центарот, а нивната повеќегодишна доверба е најголемата потврда за успехот. Обезбедени се програми за сите возрасти: од најмали деца до средношколци и студенти, со подготовка на возрасни за меѓународни сертификати како TOEFL и Cambridge.
Еду Шампиони минатата година е добитник на награда за најкреативен едукативен центар на ниво на Македонија, како и признание од издавачката куќа „Hamilton“ и останува верен на својата мисија – да создава генерации кои покрај знаење стекнуваат и животни навики, вредности и љубопитност кон светот.
За повеќе информации обратете се на тел. 078 209 960 контактирајте со Благица Чатлеска, или посетете ја нивната фејсбук страна @Еду Шампиони.

