7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Богата програма за 80 годишнината од Денот на ослободувањето на Прилеп

По повод 80 години од Денот на конечното ослободување на Прилеп 1944 г. трети ноември,  Општина Прилеп подготви низа пригодни настани во рамките на тридневната програма која започнува од 1.11.2024 од 10 часот со отворен настан за најмладите во Паркот кај Судот во Прилеп.

Почитувани сограѓани, Општина Прилеп Ве поканува да ни се придружите на свеченото одбележување на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп. Со гордост се потсетуваме на храброста и пожртвуваноста на нашите предци, кои се изборија за слободата на нашиот град пред точно 80 години! Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп со пригодна програма ќе го одбележат овој значаен љубилеј, се вели во поканата на Ирена Стерјовска Локвенец, претседателката на Советот на Општина Прилеп. 

Програмата е исполнета со културно забавни и хуманитарно – спортски содржини, а централната свеченост е на трети ноември вечерта од 19 часот кога во големата сала на Центарот за култура Марко Цепенков ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Прилеп и доделување на Третоноемвриските награди.

Би можело да ве интересира

Промовирана ,,Ароматична градина Чопела” и нов зачин од проектот „Екпедиција на природата“ во СОУ „Орде Чопела“

Прилепчанка 2 милионити патник на Скопскиот аеродром

Гордана Цветаноска

Возовите тргнаа, штрајкот прекинат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе