-1.4 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп ќе започне со присилна наплата за не платени обврски по основ на данок на имот и комунална такса

Општина Прилеп започнува постапка за присилна наплата за неплатени  даночни обврски, заклучно со 2023 година.

Општината ги известува сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата за неплатени обврски по тие основи, а заклучно со 2023 година.

Напоменуваме дека, во тековната година, Општина Прилеп испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијатa на Општина Прилеп.  Од причини што рокот во кој што требаше да се изврши плаќање на доставените опомени е изминат, Општина Прилеп започна со изготвување на Решенија за присилна наплата кои што ќе ги достави до даночните обврзиници и носителите на платен промет (деловните банки).  Со цел да се избегне блокирање на сметките и непотребни трошоци, сите обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, потребно е итно (заклучно со 30.11.2024 година) да ги подмират своите обврски, информираат од Општина Прилеп.

 

 

Би можело да ве интересира

Во тек истраги во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп (ВИДЕО)

Пела Редакција

Ново поскапување на горивата од полноќ

Пела Редакција

Одбележани 77 години од смртта на хероите Кире Гаврилоски и Круме Волнароски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе