-0.7 C
Прилеп
понеделник, 7 април, 2025
Пела Радио

В недела сите во еко акција за пошумување кај с. Прилепец

В недела, (10.11.2024 од 10.00 – 15.00 часот) неформалната еко- група “Спас за Прилеп“ (препознатлива по граѓанските иницијативи и протести, против рударски коп кај Оревоец и Каракамен) организира акција за пошумување кај селото Прилепец, во близина на манастирот Свети Никола. Кон акцијата се придружува и  Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес „Сина Револуција“ како и други граѓани и здруженија од Македонија, бидејќи е предвидено оваа еко акција да се одвива и на територијата на целата држава.

За учество во еко акцијата за пошумување во близина на селото Прилепец,  наречена „Не биди трупец, засади дрво“ поканети се сите граѓани да земат активно учетво, со цел „сите заедно да  создаваме поголема зелена површина и поквалитетна животна средина во прилепско,“ велат организаторите. Приклучувањето во акцијата, велат организатори,  само со своето физичко присуство и алатки за засадување, затоа што садници  веќе се обезбедени со донации, а физичката поддршка од граѓаните е повеќе од неопходна. Повеќе во #РАДИОШТОСЕГЛЕДА  ↓

 

 

Би можело да ве интересира

“Боите на мојот град” прва самостојна изложба на Филип Јовески

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Карески: Фокусирани сме на аранжманите кон земјите од соседството (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Одбележани 101 година од погибијата на Ѓорче Петров

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе