7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна откупот на тутунот

Официјално од денеска започнува предвремениот откуп на тутунот. Стартот го означи Пашоски кој презема тутун од новата реколта на вкупно 6 пункта со 7 ваги и тоа во четири општини: Долнени, Могила, Демир Хисар и Радовиш. Веќе од утре според планираната динамика започнуваат и останатите 8 откупувачи кои до крајот на неделата според најавите ќе ги отворат сите пријавени пунктови.

Според Сојузот на здруженија на тутунопроизводители новата реколта ќе се презема на вкупно 149 пункта со 187 ваги. Очекувањата на тутунарите се дека со оглед на одличниот квалитет – на вагите ќе се врши реална проценка.
 – Годинава имаме многу добар квалитет и се надевам дека ќе бидеме задоволни од проценката, која ќе резултира со повисока просечна цена. Според информациите од терен на здруженијата на тутунари, годинава имаме најдобар квалитет за последниве 4 години. А со оглед на тоа што сите откупни компании започнуваат во рок од 4 – 5 дена од законската можност за предвремен откуп, тоа значи дека и тие имаат потреба од ориентален тутун. Дополнително и временските услови одат во прилог на тутунарите за пакување на производството. Најверојатно, целокупниот откуп ќе заврши многу порано од предвидените законски рокови. Ние како сојуз и поединечно како членки здруженија на тутунарите постојано сме во контакт со ресорното министерство и Државниот инспекторат за земјоделство, ќе бидеме постојано на терен и апелирам доколку има било какви проблеми слободно да се обратат до нас и до надлежниот инспекторат. Интересот на откупувачите е поголем во споредба со минатата година, вели Кире Неделковски новиот претстедател на Сојузот.
Се очекува реколтата да тежи од 22 до 23 милиони килограми тутун, наспроти договореното  производство од над 26 милиони килограми со 9 те откупувачи. Годинава под тутун беа засадени вкупно 14 илјади и 342 хектари, од кои најголемиот дел се во прилепска Пелагонија. Според Законот за тутун, предвремениот откуп може да започне доколку компаниите обезбедиле финансиски средства за преземање на реколтата, а крајниот рок за тутунскиот откуп завршува на 15 март наредната година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Автобуската станица Прилеп започна превоз на патници со електрични мини буси

Пела Редакција

Дали второто зголемување на цените на тутунот од една откупна компанија ќе ги поттикне и останатите

Гордана Цветаноска

ЧЛЕН ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ ПРИЛЕП реизбрана е Јасна Ажиевска Петрушева

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе