9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

На стартот на откупот на тутунот заменик министерот Ристески во посета на Тут-Ком

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески, денеска го посетил Тутунскиот комбинат Прилеп, во разговара со менаџерскиот тим. На средбата, како што напиша тој  на социјалните мрежи , се интересирал за финасиската состојба на комбинатот и за начинот за подготовката на откпот.

Од новиот менаџмент ме информираа дека работат на финансиска консолидација на компанијата, како и дека се подготвени за новиот откуп на тутунот кој започнува од наредната недела. АД Тутунски комбинат Прилеп е со над 80% државна сопственост, се бави со производство на цигари, преработка и продажба на обработен тутун и е една од најважните компании за економскиот развој на државата и овој регион. АД Тутунски комбинат Прилеп е компанија која има стратешко партнерство со светскиот гигант во оваа индустрија Филип Морис Интернешнл (ФМИ) од 2014 година.

 

Годинава откупувачите склучиле 16.800 договори за откуп на 26 милиони килограми, но според проценките на тутунарите тутун ќе има само околу 17 милиони килограми. Тутунот ќе го откупуваат 10 откупувачи на 298 пунктови низ Македонија, беше кажано на неодмнешната посета на Министерот за земјоделство и  на премиерот во Прилеп и Тутунскиот комбинат.

Инаку, денеска,  15-ти ноември, и официјално,  според законскиот рок, започнува откуп на тутунот од годинешната реколта.

Би можело да ве интересира

Анализа: Младите би се вратиле доколку имаат подобри услови за живот, а не е клучна висината на платите

Пела Редакција

Aвтоконтрол со новогодишни подароци за учениците со попреченост

Пела Редакција

Oд полноќ цената на бензинот се намалува за 5 денари, а на дизелот за 6 денари

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе