1.8 C
Прилеп
четврток, 16 јануари, 2025
Пела Радио

„Игра на инструментите“ од Јовевски доби спот (ВИДЕО)

Познатиот македонски композитор Александар Јовевски, вечерва на социјалните мрежи го промовираше новиот спот изработен за композицијата „Игра на инструментите“ чиј композитор и аранжер е тој. Оваа композиција е дел од неговиот албум „Од колено на колено“.

Настапуваат Александар Јовевски на пијано, кавал и тамбура, Горан Гешовски на бас, Ратко Даутовски-перкусии.

Композицијата е снимена, миксана и мастерирана во Студио Подрумот by Ангел Ќосев.

Продукцијата е плод на соработката меѓу Јовевски и Ќосев, видеото, режијата и монтажата се на Даниел Јовески.

Во спотот учествуваат моделите Анастасија Бошковска и Мануела Бошковска, а современиот танц и глумата се во изведба на прилепчанката Сара Спиркоска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, како проект од национален интерес.

Александар Јовевски во текот на месец ноември одржа целовечерен концерт во Прилеп, по повод одбележувањето на 45 години од постоењето на  Центарот за култура „Марко Цепенков“

Би можело да ве интересира

Гала оперски концерт во ЦК „Марко Цепенков“

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Црвен еко аларм за спас на природните богатства на општина Прилеп-протест кај Градскиот саат

Пела Редакција

(ВИДЕО)Најмладите прилепски новинари во посета на Радио Пела

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе