10.7 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Три медали од државното првенство во бокс за боксерите на БК АС Прилеп (ФОТО)

На државното првенство на Македонија во бокс што се одржа во Битола на 21 и 22 декември , БК АС од Прилеп учествуваше со тројца боксери. Организатори беа БК Пелистерски Јунак и Националната Боксерска Федерација.

Стефан Пупалески до 80кг. го освои златниот медал во сениорска конкуренција Мартин Трајкоски до 52 кг.го освои сребрениот медал во кадетска конкуренција. Влатко Димоски до 66 кг. го освои брозениот медал во јуниорска конкуренција. Сите наши боксери покажаа добри борби со прикажана одлична техника. Со овој голем резултат ја завршивме сезоната со натпревари. Од наредна година боксерскиот клуб Ас од Прилеп почнува со боксерската лига на Македонија во која се планирани одлични подготовки за високи позиции кои ќе носат нови шампиони.

Би можело да ве интересира

Бесправно изградила куќа со деловни и стамбени простории и се сомничи за кривично дело „бесправно градење“

Победничка премиера на РК Прилеп

Пела Редакција

Joвчески: Под контрола е ситуацијата со пожарот на депонијата кај Алинци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе