7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Прилепчанката Добрила Грашеска испеа македонски песни за грчкото Фолкрадио (ВИДЕО)

Македонската етно-пејачка, прилепчанката Добрила Грашеска, која настапува во популарниот состав Чалгија саунд систем и со Добрила и Дориан дуо, деновиве се појави во програмата на грчкото Фолк радио (Folkradio.gr) и отпеа две песни. Станува збор за традиционалната коледарска песна што ја пеат децата од Прилеп, „Коледица, Варварица“ и македонската народна љубовна песна „Кој ти ги даде тие црни очи“

Снимено дома, со телефон, ама искрено и со љубов. И драго ми е што нашите соседи покажаа интерес и со такво внимание ѝ пристапија на нашата музика.- напиша Грашеска на својот профил на Фејсбук.

Добрила Грашеска, прекрасна пејачка од Северна Македонија, позната по соработките со Чалгија Саунд Систем и како дел од дуото Добрила и Доријан, ги испраќа своите желби на folkradio.gr со песни од Прилепско-стои во објавата на официјалната фејсбук страница на радиото.

Во продолжение слушнете ја изведбата на нашата Добрила Грашеска

Инаку, Folkradio.gr е специјалиѕирано музичко радио за афирмација и истражување на грчката народна музика. Како што стои на интернет порталот на радиото, народната музика е една од најстарите форми на култура во светот и опстанала до денес благодарение на безвременската вредност заснована на висока естетика и креативен континуитет. Folkradio.gr се стреми да ја пренесе оваа естетика и специфичноста на грчката народна музика, која можеби е родена пред многу векови во рурални услови и преку човечки контакт со природата и нејзините елементи, но денес докажува дека е многу моќно средство за изразување дури и во модерното време, кога светот се пресели во градовите и комуникацијата не познава граници.

 

Ф.Д. 

Би можело да ве интересира

ЗАЕДНО СО МАКЕДОНСКАТА ФОЛК ЕСТРАДА : Сузана Гавазова : Најголема награда за мене е публиката да ги сака и слуша моите песни (ВИДЕО + ФОТО)

Лековитите својства на калинката – супер храна за слабеење и против срцеви заболувања

Гордана Цветаноска

Шубо беше тогаш : Ко “че” се договориш пред реклами, договорено е !! (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе