10 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Дедо Мраз, базар, претстава за деца – новогодишни случки и дружби во Кривогшатани

тНовогодишен базар се одржа и во Општина Кривогашатни . Поттикнувајќи ја креативноста и солидарноста кај младите,  базарот понуди разни креации изработени од младите и децата од детска градинка . Сето надополнето со понуда од топол планински чај  и палачинки, базарот со  новгодишните тезги  на кои беа изложени рачни изработки, новогодишни украси, подароци, слики  изработени  со љубов и посветеност од страна на учениците и дечињата од градинка, само потврди колку радост може да донесе еден настан и да ги сплоти и младите ,и повозрасните.

А, организаторот на Општина Кривогашани, на ФБ страната напишаа во духот на новогодишната радост: „Без зачудување, сите изработки се продадоа во еден миг.„

Новогодишната атмосфера беше надополнета  со дуржба со омилените ликови од цртаните филмови преку разни едукативни игри, прикажување на претставата ,,Дедо Мраз е на пат’’ од театар ,,Колозов“ , а новогодишната радост ја надополни присуството на најпосакуваниот гостин – Дедо Мраз, кој што им подели новогодишни пакетчина на дечињата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Без спортски сали, нема развој на спортот – порачаа прилепските спортски ветерани

Гордана Цветаноска

Прилеп: „Слобода на народот“ – протест во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)„Не се живее со мизерни пензии“ – 14 ти ден пензионерски протести во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе