Второто полугодие во ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп , започна со немил инцидет кога од прозорецот од училишната зграда, паднал (или скоканал) шесттоодделенец.
По падот од прозорецот од третиот кат од училиштето, ученикот се здобил со тешко телесни повреди и веднаш бил пренесен во прилепската болница “Борка Талески”. Лекарите консатирела скршеници на коската од петицата, како и скршеници на прешлените, па поради сериозноста на повредите, ученикот итно е префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.
Родители, кои интерпретирајќи го немилиот настан од нивни сознанија, се обратија до нашата редакција загрижени за нивните деца и бараат да се покрене акција за поголема безбедност на учениците во училиштата.
А, гласините говорот дека овој настан, наводно, е поврзан со типот на “предизвик“ кој се креира на социјалните мрежи, со кои децата – тинејџерите си ги „одмеруваат силите“ на многу опасен начин. Стручните лица во училиштата ги молат родителите да внимаваат на своите децата како ги користат социјалните мрежи, поради можните последици од т.н “предизвиците“ „кои често кружат на социјаните платформи, ги користат младите и создаваат изопачена реалност и опасност по нивните животи“– вели педагог од едно прилепско училиште .
Надлежните работат на расчистување на овоја случајот и утврдување на точните причини за несреќниот настан.