11.1 C
Прилеп
четврток, 30 јануари, 2025
Пела Радио

Измамен прилепчанец коj сакал да инвестира во криптовалути

Внимателно со апликациите кои ги симнувате на вашиот мобилен телефон, по инструкции на друго лице. За прилепепчанец оваа постапка била фатална по неговиот паричник.

Имено, 61 – годишен маж од Прилеп пријавил во ОВР Прилеп дека бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари. Според пријавеното, во периодот од средината на август 2024 година до 24.09.2024 контактирал со лицето кое го довело до заблуда дека ќе инвестира во криптовалути. Тој, од тоа лице бил наведен на неговиот мобилен телефон да инсталира мобилна апликација, за која 61- годишниот маж мислел дека ќе му служи за купување на криптовалути.

Како што е пријавено, преку апликацијата, лицето, измамник , пристапило во неговиот мобилен телефон и аплицирали за добивање на кредит од финансиско друштво, кој му бил пуштен на неговата трансакциска сметка, од каде пак лицето си ги повлекло парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Би можело да ве интересира

Молотов коктел синоќа фрлен врз куќа на командирот на прилепската полиција

Елизабета Филипоска

Кај с. Новоселани во сообрајќајка загина 14 годишен моторциклист од с.Заполжани

Елизабета Филипоска

Поради запален автомобил кај Ленишки мост сообраќајот се одвива по една лента

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе