5.2 C
Прилеп
среда, 5 февруари, 2025
Пела Радио

Пелагона Прва со афирмација на жените во спортот ќе се бори против погрешните идоли!

Тимот на Радио Пела верува дека основна идеја на еден медиум да ги промовира позитивните случувања во општеството и да ги става на пиедесталот луѓето кои прават вистински промени во заедницата колку и некогаш да се чини дека таквите подвизи се неведливи.

Прилепчанката Маријана Ѓеорѓиевска која е дел до нашата листа 13 величествени заради нејзините високи достигнувања во планинарењето, односно високогорството, преку незиното Здружение за планински активности и афирмација на жената во спортот Пелагона Прва почнува со нова иницијатива.

Имено по повод одбележувањето на петгодишнината од постоењето на Здружението, ќе бидат објавени пет жени-спортистки кои доминирале во своите дисциплини и ги поместиле границите на возможното.

На овој начин, не сакаме само да ја потенцираме женската сила, туку во ова време на ПОГРЕШНИ ИДОЛИ да им дадеме пример на помладите генерации за лица на кои треба да се огледуваат и да им бидат вистински мотив за напредок-велат од Здружението.

Прва во овој избор се најде хрватската скијачка Јаница Костелиќ.

Радио Пела упатува поддршка и преку медиусмко претставување на оваа иницијатива сака да ја даде својата поддршка.

Би можело да ве интересира

Во чест и слава на прилепските бранители – 22 годишнина од Карпалак

Во Прилеп прекин во снабдување со струја на повеќе улици

Пела Редакција

Проданоски: земјоделците и тутунарите се оставени на милост и немилост, додека во Македонија неконтролирано се продава увезен зеленчук!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе