23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Поплавени патишта и најава дека зимата се враќа

Зголемување на водостоите на реките, дожд, а од недела 6 ти април и снег се очекува на планините и на повисоките места над 600 м надморска височина, велат балканските синоптичари. На Балканот iи во Македонија студениот бран од северниот пол „ќе стигне“  викендов кога се очекува постепено намалување на температурите.

Според Accuweather  в недела во Прилеп се очекува поголемо заладување со утринска минимална температура од – 3 степени, а  максималната дневна температура ќе достигне до 11 степени. В недела се очекува и снег во вечерните часови. Сепак најниската минимална температура се очекува за во понеделник кога е прогнозирано живата во термометарот да се спушти до – 5 степени целзиусови. Минисните утрински температури ќе се задржат и во наредните два дена до средата.

Деновите на викендот и деновите од наредната седмица ќе има повремени врнежи од дожд со северен ветер

А пролетните дождови денеска предизвикаа поплави на одредени делови на влезовите од Прилеп кон Мало Коњари и кон Лагово. Вака беше на местото викано Бегова ливада, на неполн километар од влезот во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

100 години од раѓањето на Тодорка Кондова Зафировска

Прилепскиот уметник Марјан Стојаноски со самостојна изложба во Тирана

Пела Редакција

Молкот е издигнат до рамниште на лик во романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе