5.3 C
Прилеп
понеделник, 10 февруари, 2025
Пела Радио

Oпштина Прилеп оддаде почит на бесмртното дело на Гоце Делчев

Во општинското основно училиште кое гордо го носи името на Гоце Делчев, македонскиот апостол „најдобриот меѓу сите храбри македонски синови“, идеолог, организатор и водач на Македонското револуционерно националноослободително движење, денеска Општина Прилеп одбележа 153 години од неговото раѓање.
Пред бистата на херојот се поклонија советници предводени од претседателката на Совет Ирена Стерјовска Локвенец, пратеничката Билјана Кузманоска, претставници од основните училишта од општината, од Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од ГРАДОТ ХЕРОЈ – ПРИЛЕП, наставници и ученици.

По повод 153 години од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најзначајните македонски револуционери, идеолог и визионер, Општина Прилеп оддаде почит на неговото бесмртно дело. Делегација од Општина Прилеп, предводена од претседателката на Советот, Ирена Стерјовска-Локвенец, заедно со претставници од училиштата, наставници, ученици, претставници на политички партии и граѓански здруженија, положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Делчев во дворот на ООУ „Гоце Делчев“. Со својата борба за слобода Гоце Делчев останува светол пример за непокорот, единството и љубовта кон татковината. Неговата жртва и идеали се темел на македонската борба за самостојност и независност, а неговите зборови и дела сè уште горат како факел во срцата на Македонците. Учениците предводени од директорката и наставниците од училиштето, носејќи го гордо неговото име, преку различни наставни и воннаставни активности го одбележаа ликот и делото на револуционерот, потсетувајќи на неговата вечна порака за слободна и напредна Републија Македонија. Општина Прилеп и понатаму ќе го негува историското наследство, пренесувајќи ги вредностите на македонската самобитност и патриотизам и на идните генерации.

Би можело да ве интересира

До крајот на месецов завршува реконструкцијата на стариот пат до Битола

Гордана Цветаноска

Шумски полицајци нападнати во долненско, пожар на две патнички возила во Прилеп

Пела Редакција

„Ајде да играме“ – иницијатива за подобра социјализација на најмладите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе