5.2 C
Прилеп
среда, 5 февруари, 2025
Пела Радио

Деветтото издание на филмскиот фестивал Winter apricots започнува утре

Од утре до 8 февруари во Прилеп, ќе се одржи деветтото издание на Интернационалниот филмски фестивал Winter apricots.

Воведен настан на фестивалот е денешната промоција на книгата „Авторските политики во филмските адаптации“ од Ана Опачиќ, што ќе се случи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ од  18.00 часот.

Утре пак, фестивалот ќе започне во проекција на танцови филмови, а официјално ќе биде отворен со концерт на групата Калевала во Кино Мис Стон, каде ќе се одвива целата натамошна фестивалска програма.  На фестивалот се пријавиле над 700 филмови од 73 земји

Со задоволство може да кажеме дека и оваа година добивме филмови од секое едно катче од светот, буквално. Ова со други зборови значи многу работа за нас во процесот на селектирање, но истовремено е и едно од најголемите достигнувања за фестивал како нашиот, делумно бидејќи е резултат на едно континуирано инвестирање и воспоставување на соработки со интернационални дистрибутерски куќи, но најмногу бидејќи ни овозможува да создадeме селекции на филмови кои што вклучуваат и популарни и комерцијално успешни филмови, но и не толку познати, независни филмски продукции-велат организаторите.

В петок ќе започне натпреварувачката програма и тоа балканската и првата официјална селекција,   саботната програма ќе донесе промоција на книгата „Стенли Кјубрик: биографија“  од Џон Бакстер, а во натпреварувачката програма ќе бидат прикажани филмови од македонската и вториот дел од официјалната селекција.

Фестивалот ќе биде затворен со завршна церемонија и концерт на групата Занаду.

Ф.Д.

 

Би можело да ве интересира

(Видео и фото) Бадникова поворка од дечиња во Прилеп го најавија христовото раѓање

Елизабета Филипоска

Одбележан празникот Свети Никола во населбата Жабино маало во Прилеп

Гордана Цветаноска

Бензинот поскапува за 2 денари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе