15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Возачи внимателно!Надојдена e поголема количина вода со опасност за излевање на патот Кавадарци – Прилеп кај тунелите

Надојдена е поголема количина на вода со опасност за излевање на патот Кавадарци – Прилеп кај тунелите, информираат од Центарот за управување со кризи.

РЦУК Кавадарци излезе со вонредна информација. Според информацијата добиена од 112, во 18,21 часот, на регионалниот пат од Кавадарци – Прилеп, кај тунелите, од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода, со опасност за излевање. Веднаш беа известени субјектите во СУК и беше стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци, кое извести дека е стапено во контакт со изведувачот на тој патен правец и дека во случај на излевање на реката, во содејство со изведувачите на автопатот – Сино Хидро, ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот, се вели во известувањето од Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Неисправна вода за пиење во повеќе јавни чешми во прилепско

(ВИДЕО)Ден на тутунските работници: треба правична, транспарентна и одржлива рамка за тутунопроизводството

Промоција на новото дело на Венко Андоновски „Александар јава на запад“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе