Утре (11.2) со почеток од 19.00 часот во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“, а во рамки на музичката програма што ја реалзира оваа институција, целовечерен концерт ќе одржи оперскиот тенор, прилепчанецот Илија Белистојаноски во пијано придружба на Дарко Мариновски.
Ќе бидат изведени серија светски познати оперски арии од оперите на Скарлати, Глук, Моцарт, Белини, Масне, Пучини, Верди, но и македонската народна песна „Кога падна на Пирина“.
Илија Белистојаноски дебитира на сцената на Националната опера и балет во оберата „Machbet” од Џузепе Верди, во улогата на Малколм, заедно со италијански кастинг. Редовно одржува концерти низ сите градови во Македонија. Непосредно по дипломирањето, овојува прво место од стручното жири на натпреварот „Лазар Јовановиќ“ во Белград, Србија. Потоа освојува Гранд При на натпреварот „Руска Романсијада“ во Софија, Бугарија и со тоа влегува во 12 финалисти на диналниот наптревар „во Москва каде што ја освојува втората награда од стручното жири.
Следи покана за концерт и настап во една од најголемите сали во светот „Кремлинскиот дворец” во Москва. Учествува на натпреварот за „Руска вокална музика” во Скопје, каде што го освојува второто место при што во жири беше еден од најголемите басови во Русија, проф. Леонид Сметаников. Влегува во финалните рунди на светскиот натпревар
“Belvedere” во Рига-Латвија. Во 2024 година се реализираа два семинари и настапи на ЗАМ – Здружение на академиски музичари, на коишто учествуваа музичари од целиот балкан меѓу кои и Белистојаноски. Исто така, има учествувано на светскиот натпревар по пеење “Byulbyul” во Баку, Азербејџан во јуни, 2024.
Пијанистот Дарко Мариновски роден е во Скопје 1974 год. Основно и средно музичко образование завршува во МБУЦ ,,Илија Николовски Луј,, во Скопје. Дипломира на ФМУ- Скопје 1997 год. во класата на реномираниот професор Борис Романов. Магистерските студии ги завршува 2000 год. под менторство на проф. Јасминка Чакар.
За време на студиите одржува бројни настапи и концерти во Македонија во рамките на Скопско и Охридско лето како и концерти во Р.Бугарија. Од завршувањето на студиите до летото 2013 работи како професор по пијано и корепетиција во МБУЦ ,,И. Н. Луј,, во Скопје. Неговите ученици бележат значајни резултати како награди на државни и мегународни натпревари.Од јануари 2009 година е декан на Факултетот за применета музика на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, функција која ја извршува до 2019 год. Во април 2016 год. е избран во звање редовен професор од наставно-научниот совет на ЕСРА. Автор е на музика на неколку краткометражни филмови кои земаа учество на повеќе филмски фестивали во земјава и странство. Автор е на музиката на театарската претстава „Косара“ од Загорка Поп Антовска чиишто 4 изведби беа реализирани во ноември 2013 год. во МОБ. Од септември 2015 работи и на Филмската академија при УГД – Штип каде ги предава предметите Звук на филм и Акустика со психоакустика, перцепција и анализа. Мариновски работи и како уметнички соработник со повеќе истакнати македонски уметници со кои настапува во Македонија, како и во концертните сали во Рим, Париз, Вашингтон, Истанбул и др.