16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Планинарски марш – 81 година од Февруарскиот поход

Прилепскиот Сојуз на борци и поддржувачи на традициите од НОБ и Револуцијата заедно со планинарските друштва по повод 81 година од Февруарскиот поход традиционално ќе го организираат маршот по врвиците на партизаните и борците. Планинарскиот марш ќе се реализира в недела на 23 ти февруари 2025 г.

„Општинската организација на Сојузот на борците на народноослободителна и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните поддржувачи – Прилеп во соработка со планинарските друштва од Општина Прилеп, по повод 81 та годишнина од успешно извршениот Февруарски поход, традиционално организира Планинарски марш по врвиците на овој поход.  Маршот ќе се реализира на 23 ти февруари 2025 г. со почеток од 7 часот на релација: Прилеп  (Меморијален музеј „11 Октомври 1941“ – Участак ) – со автобуси до с. Плетвар – с. Лениште  – Спомен обележје „Спасе Темелкоски“- Манастир Св. Димитрија с. Селце, прилепско.   На истиот ќе земат учество планинарските друштва од Прилеп, граѓани и гости од други градови на Републиката,“

, стои во поканата од Општинската организација на Сојузот на борци Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА) ПОТПИШАНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СОУ “НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ” – КРУШЕВО И ССУ И ГИМНАЗИЈА “ВИЛМОШ ЖОЛНАИ”-ПЕЧУЈ од УНГАРИЈА

Двајца прилепчани со форд удриле во голф, а потоа ги нападнале

Во целосен прекин регионалниот пат Прилеп – Градско, причината е сообраќајка

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе