6.4 C
Прилеп
вторник, 29 април, 2025
Пела Радио

Прегазен човек на патот Прилеп-Битола кај с.Беровци

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот на патот Прилеп – Битола, кај Беровци, кај безинската пумпа “Макпетрол“, а неофицијално се јавува дека во несреќата има една жртва, информираа  од АМСМ.  Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп од 21:45 часот  е нормализиран, по претходно најава од АМСМ дека сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото „Беровци“ се пренасочува по стариот пат „поради случена сообраќајна незгода со жртва“

Наводно, камион прегазил човек од прилепското село Беровци. Според  не потврдени инфомрации станува збор за повозрасен човек, кој  подлегнал на повредите.

Наш читател ја потврди инфомацијата и ни  напиша во порака „ Јас го видов! Човекот одеше по патот, стар човек беше, и, потоа за 10 минути го згази камион“ –  ни напиша вечерва наш читател кој ја потврди инфомрацијата од трагичниот настан.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец си турил гориво со фалсификувани пари и си заминал

Елизабета Филипоска

Жена тешко повредена на раскрсница во Прилеп

Пела Редакција

Три лица повредени во директен судар на возила на патот Прилеп – Крушево кај с. Мало Коњари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе