8.4 C
Прилеп
четврток, 27 февруари, 2025
Пела Радио

Бесплатни прегледи и музичка забава в сабота во центарот на Прилеп

В сабота на први март, од 10.30 до 13.00 часот, на платото кај Саат кулата во Прилеп, учениците од образовниот профил фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“, органзираат интереактивен настан со цел и да им помогнат, но и да ги разонодат сите граѓани на Прилеп и сите оние кои во тој период ќе бидат во градот.

Сите посетители ќе имаат можност, бесплатно да им бидат измерени крвен притисок и ниво на шеќер во крвта. А со поддршка на аптеките Зегин, бесплатно ќе вршат проверка на витаминско-минералниот статус во органзимот.

Музичката програма ќе ја реализира бендот „Тhe Doctors” заедно со нивните гости кои ќе настапат со нив.

Настанот се реалзира по повод 8 Март-Меѓународниот ден на жената, а со цел промоција на образовниот профил фармацевтски техничар.

 

 

Би можело да ве интересира

ТУТУНОТ – СТРАСТ, ПРОФИТ И ШТЕТНОСТ-ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО

Елизабета Филипоска

Забранет влез на синдикалците во Еурокомпозит – состанокот работниците го одржаа пред капија

Гордана Цветаноска

Честитки по повод 8-ми Декември, националниот и христијански празник „Св. Климент Охридски“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе