Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (28.02,01/02.03.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата . Притоа, вкупно биле издадени 292 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени биле 68 платни налози.
Според статистичките показатели од вкупно 1307 исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 111 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –24 како и 7 возачи кои што управувале нерегистрирани возила. Покрај ова изречени се и 13 мерки по основ на говорење на мобилен телефон при возење, како и 36 мерки за непрописно паркирани возила. Исто така кај 22 возачи констатирано е присуство на алкохол при што истите се отстранети од сообраќај. Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи, стои во известувањето од СВР Битола.