„ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ БЕЗ ДА СЕ НАВРЕДУВАМЕ“ за фер плеј, за меѓусебно почитување и подигнување на свеста кај учениците за спречување на врсничкото насилство, преку игри без граници.
Натпреварите во форма на “игри без граница” и одбојка, под мотото „Да се натпреваруваме без да се навредуваме“ се одржаа во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп, во организација на ученичкиот парламент, каде учествуваа учениците од ова прилепско училиште и учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ од селото Канатларци, кои се припадници на турската заедница.
Целта е да се едуцираат младите како да навиваат без да има навреди и омаловажувања, почитување на другиот и фер плеј игра, како што налага спортското натпреварување.
Настанот беше во организација на Коалиција СЕГА, “Меѓаши” и училиштата.
Известува Филип Димкоски