14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Градоначалникот Јовчески упати велигденска честитка до своите сограѓани

По повод големиот христански празник Велигден, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески упати честитка до своите сограѓани. Во неа се вели:

Почитувани сограѓани, драги православни христијани, По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми во мое лично име и како градоначалник на општина Прилеп, да Ви упатам најсрдечни честитки со искрени желби за здравје, радост, мир и семејна хармонија. Велигден е празник на воскресението, надежта и новиот почеток. Тој нè потсетува дека после секоја темнина доаѓа светлина, дека добрината, верата и човечноста секогаш имаат сила да победат. Во овие празнични денови, нека нашите домови бидат исполнети со љубов, разбирање и сплотеност. Нека Велигден нè поттикне да бидеме подобри луѓе, да ги негуваме вредностите на нашата традиција, верата на нашите предци и нашиот македонски идентитет. Да продолжиме со заедничка сила да го градиме Прилеп како достоинствен и модерен град – со грижа за сите генерации, со почит кон културното наследство и со верба во иднината. Од срце Ви посакувам празниците да ги поминете во благосостојба и спокој, опкружени со Вашите најблиски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Јакимовска: Суштина, тло и темелот на една компанија е ЧОВЕКОТ!!!

Гордана Цветаноска

Сеќавање на прилепчаните Илија Џувалекоски и Властимир Николовски

Пела Редакција

Велигденска честитка од градоначалникот на Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе