15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Во Прилеп одбележан 7 ми мај Денот на македонската полиција

Во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, во полициската станица денеска по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај се одржа прием и отворен ден за  граѓаните. Во кругот на полициската станица беше изложен дел од возниот парк и опремата со која располага македонската полиција,  а посебно ова беше интересно за најмладите деца од градинките и училиштата од Прилеп. На овој начин децата се запознаа со улогата на полициската служба.

Инаку, Секторот за внатрешни работи Битола и оваа година традиционално  го чествува Денот на македонската полиција – 7 Мај заедно со граѓаните. По тој повод, денеска Кабинетот на СВР Битола и сите припадници на полицијата при СВР Битола положија свежо цвеќе пред споменикот на бранителите СВР Битола и пред споменикот „Анѓел” пред градскиот часовник.

Би можело да ве интересира

Седми ден протести во Прилеп против двојазичноста, 15 тина повикани на информативен разговор (галерија)

Хоџа: Очекувам наредната прва седница во Собранието да се изгласа измената за пролонгирање на откупниот тутунски рок

Формирана комисија за проценка на штетите од јунското невреме во прилепско

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе