16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Шест месеци Прилеп без Испитен Центар за полагање возачки испит, а кандидатите губат и време и пари

Веќе шест месеци прилепчани не се во можност да полагаат возачки испит т.н  градско возење. Останувајќи без лиценца, Испитниот центар за полагање возачки испит во Прилеп не е функционален веќе од средината на декември минатата година, а кандидатите губат, и пари и време! 
Кандидат од Прилеп шест месеца чека да се оформи комисија за полагање. Стравува дали по паузата ќе се пролонгираат и роковите за да не се доведат во ситуација пак да преполага сѐ.
И, наместо полагањето на возачкиот испит, најчесто за Б категорија, со кој кандидатот се стекнува со знаење и дозвола за управување со автомобил, да биде еден убав момент за младите возачи, но и за безбедност во сообраќајот, на крајот од денот,  ова стана сериозен проблем.

Во Прилеп кандидатите за возачи можат да го полагаат теоретскиот испит (тестови)  и возење на полигон, но не практичниот дел од возачкиот испит ( т.н „градско возење“), и се принудени тоа да го прават во соседната општина Кавадарци. Но, велат„ Некои документи не ни’ ги признаваат во таа општина, па повторно треба да бидеме изложени на трошок за да ги добиеме. Се прашуваме дали истите закони важат во сите градови на Македонија?“- велат кандидатите кои се обратија до нашата редакција.

ВО ЧЕКАЊЕ НА ФОРМИРАЊЕ НА ИСПИТНА КОМИСИЈА, ШТО ВЕЛИ ЗАКОНОТ?
Во Законот за сообраќај се вели дека кандидатот за возач го пријавува полагањето на возачкиот испит во Испитниот центар според неговото живеалиште, односно во подружницата на Испитниот центар каде што има пријавено престојувалиште во последните шест месеци. Инаку, оваа проблематика ја регулира членот 20 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити, кој го донесе МВР врз основа на Законот за сообраќај.

– По исклучок од ставот (2) на овој член, во случај кога е одземена лиценцата на испитниот центар или кога има забрана за вршење дејност на испитниот центар, како и во случај кога лиценцата на испитниот центар е истечена, кандидатот за возач го пријавува и полага возачкиот испит во испитен центар надвор од неговото живеалиште, односно пријавено престојувалиште по негов избор. – ни’ одговорија од МВР.

 

Но, проблемот е во тоа што кандидатите што веќе положиле теоретски дел или популарните тестови за возачка, може да полагаат и да паѓаат неколку пати во текот на една година. Но, по 365 дена им се поништува и резултатот од полагањето теорија и повторно мора да платат за тестовите и да ги преполагаат, да го загубат правото на положениот теоретски испит и со тоа да се изложат на дополнителни трошоци.

 

ПРАШАВАМЕ : КОГА ПРИЛЕП ЌЕ ДОБИЕ ИСПИТЕН ЦЕНТАР?

Со цел оваа немила ситуација, за оние кои сакаат да полагаат возачки испит, да биде решена, користејќи ја можноста за пристап до информации од јавен карактер, се обративме до МВР. 
Во одговорот, покрај комплетното образложување како се одвивала целата потстапка за избор на Испитен центар, без прецизирање на време или датум, се вели: „Очекуваме многу скоро новоизбраниот испитен центар да започне со својата редовна работа“-  стои во одговорот, за тоа зошто Прилеп нема Испитен Центар за возачи.
Значи, согласно пропишанитете услови од страна на МВР, веќе е овластено правно лице , кое согласно законските и подзаконските прописи , ќе го организира и спроведува возачкиот испит за кандидатите за возачи. Штом заврши тој процес на подготовки (примопредвање на документација и слично) се очекува многу скоро да биде отворен испитниот центар, се вели во одговорот од МВР кој ви го пренесуваме во целост :
КОЛКУ ПАРИ ЧИНИ ПОЛАГАЊЕТО НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ?
Според решението на МВР за висината на трошоците за полагање на возачкиот испит со кое се утврдени сите трошоци за категоријата Б, за првото полагање на возачки се плаќаат 6.276 денари и тука се вклучени полагање тестови, полигон и градско возење.

Повторно полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит, кој се состои од 40 прашања, ги чини кандидатите нови 2.241 денари.
Цената за повторно полагање на практичниот дел на испитот е по 2.156 денари за прв практичен дел (полигон) и 2.156 денари за втор практичен дел (возење низ град). Ако кандидатот не успее да положи од прв пат, тој мора да уплати повторно за испит и да почека најмалку 15 дена пред да може да се пријави повторно.

Според Законот за безбедност на сообраќајот, кандидатите за возачка дозвола од Б категорија мора да имаат најмалку 40 часа практична обука, од кои 10 часа се на полигон, а 30 часа се на јавен пат. Цената за еден час практична обука е 500-600 денари. Ова значи дека до стекнување со возачка дозвола за управување на автомобил кандидатот ќе мора да издвои најмалку 500 евра под услов кандидатот да положи од прв пат.

Би можело да ве интересира

Започнува скринингот на вработените во градинките

Викендов горивата поевтинуваат

Ве носи РОМАН – Доколку одлучите да го посетите ПАНАЃУРот – АМИНДЕО, ГРЦИЈА нема воопшто да се покаете

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе