16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Четири минибуси донација доделени на користење на Општина Прилеп

Со одлука на Совет на општина Прилеп, на денешната седница на Советот на Општина Прилеп беше прифатена донацијата доделена од  ДТУ УНИПРОМЕТ НМ ДООЕЛ Скопје, како донација од јавен интерес во областа на комуналната дејност која преставува проект од јавен интерес.

Донацијата, која се состои од четири  минибуси, е во вредност од 104.000 евра, во денарска противвредност, а по почитување на законската процедура, донацијата ќе им биде дадена на трајно користење на ЈП и ПУП Прилеп, како јавно претпријатие што стопанисува со градскиот превоз во нашата општина.

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 61 седница на која беа разгледани двете точки од дневниот ред:  Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржувањето на МТФ “Војдан Чернодрински“  во деновите 6, 7 и 8 јуни, каде работното време на  ќе биде продолжено за два часа и Одлука за прифаќање на донација од  ДТУ УНИПРОМЕТ НМ ДООЕЛ Скопје.

Советниците и двете одлуки, ги прифатија едногласно.

Би можело да ве интересира

Тешка кражба во Прилеп, крадецот приведен

Активен пожар во атарот на с.Штавица

Пела Редакција

💜Хуманитарен концерт „Заедно за нов живот“ 💜 за поддршка на предвремено родените деца

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе