29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Ракометен циркус – ЕХФ ќе одлучува – невиден ракометен преседан

Спортската јавност во земјава го разбранува фактот што синоќа во Борис Трајкоски не се одигра реванш натпреварот од финалето на третото по ранг натпреварување на ЕХФ помеѓу Алкалоид и Аек.Гостите не сакаа да излезат да одиграат со една навистина за нив банална причина што само за грчкиот тим е правилна а за остатокот од ракометниот е одлука која претставува невиден преседан на еден ракометен меч и плус тоа ако се знае дека е финале кое е под капата на Европската ракометна федерација.Неизлегувањето на терен е рушење на спортскиот кодекс но и не само тоа , сигурно некаде на друго место и во една друга ситуација и на друга екипа оваа своевидна непрофесионалност би била казнета веднаш , без двоумење и од страна на ЕХФ.Вака , овој ракометен циркус од страна на грчки Аек ќе треба својот епилог да го има со додатна одлука која е во исчекување , но каков и да биде , на овој двомеч еден е победник , а тоа се ракометарите на Алкалоид.На оваа тема разговаравме со колегата Југослав Костовски , спортски новинар од МРТ , а разговорот проследете го во видеото подолу.

Би можело да ве интересира

Девојките на гости поразени, а РК Прилеп е лидер на табелата

Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

Средба во ФФМ, дали Градски наскоро ќе биде функционален?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе