16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Презентација на Оперативниот план за активни мерки за вработување во Прилеп

Утре, четврток, 5 јуни 2025 година во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, активни мерки од Агенцијата за поддршка на претприемништвото, како и тековни мерки и јавни повици на Министерството за економија и труд.

Презентацијата ќе ја водат заменик-министерот за економија и труд, г. Марјан Ристески, претставници од релевантните институции, како и домаќините од Општина Прилеп.

Ќе бидат присутни од Занаетчиската комора, Младинскиот совет Прилеп, заинтересирани граѓани и организации за мерките кои наскоро ќе стапат на сила за поттикување на вработливоста и развој на бизнис секторот.

Би можело да ве интересира

Утре без струја неколку улици

Уапсени двајца прилепчани за намерно опожарување возило

И, Прилеп ќе субвенционира набавка на инвертори и велосипеди

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе