16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Попоски: „Во градот владее урбанистички хаос, улиците се валкани и изрешетени со дупки„

На прес конференција, денеска, ОО на СДСМ -Прилеп ја критикуваше власта за патната инфраструктура во Прилеп. Филип  Попоски, при ова рече:

Улиците во Прилеп изрешетани со дупки – каде завршија 54 милиони денари за нивно асфалтирање? На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива – градоначалникот Јовчески и ДПМНЕ велат дека ја има, ама неа сеуште никој не ја видел! Во градот владее урбанистички хаос, улиците се валкани, потонати во мрак и изрешетени со дупки. Цели 4 години во Прилеп камче не е поместено. Се распишуваат тендери, се склучуваат договори за реконструкција и асфалтирање на улици, а тие секоја година се се’ полоши и се’ пораскопани. Ако е така, а така е, локалната власт е должна да каже каде завршуваат општинските пари? Минатата година Општина Прилеп со скопската фирма УРБАН ПАВЕР склучила договор за одржување, крпење дупки, изградба на тротоари, патишта и улици во вредност од 10 милиони денари. Ниту улици се асфалтираа, ниту тротоари се направија, а парите се потрошија. За тековната 2025 година нов договор за јавна набавка помеѓу старите партнери – Општина Прилеп и УРБАН ПАВЕР. За разлика од претходниот, овој договор има два дела: • првиот за реконструкција, рехабилитација на улици и општински патишта, “тежок“ 34 милиони денари; • вториот за одржување ударни дупки, прокопи, тампонирање и други работи на улици и општински патишта, во вредност од 10 милиони денари. Или севкупна вредност на договорот – фантастични 44 милиони денари! Она што боди очи, е дека рокот на изведба на работите е 6 месеци, што значи точно до почетокот на локалните избори. Премногу провидно и наивно, но кога е во прашање ДПМНЕ – веќе видено. Дека се лови во матно и дека под изговор на “крпење“ дупки некој “крпи“ стотици илјади евра, покажува и еден друг податок: за еден тон асфалт Општина Охрид плаќа 3.800 денари, Тетово 6.500, Кавадарци 4.650, а Прилеп дури 16.000 денари! Постојат мал милион причини заради кои објавното винителство треба да го прочешла финансиското работење и на Општина Прилеп, но и на општинските јавни претпријатија. Господа од ДПМНЕ, доста ги полневте џебовите – пополнете ги дупките по улиците!- рече Попоски на денешната прес конференеција на ОО на СДСМ – Прилеп

Би можело да ве интересира

Новите градски автобуси во Прилеп ги скараа власта и опозицијата

Спиркоски: Ниту зголемените цени не ги извадија прилепските јавни претпријатија од кал

По состојбата со прилепската болница се огласи ОК на ВМРО ДПМНЕ

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе