16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Близу 700 казни за непоседување на возачка, најмногу во Пелагонија

Од почетокот на изминатата седмица (30.06.2025) заклучно со вчерашниот ден (06.07.2025), во рамки на континуираните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, дури 691 лице се санкционирани заради непоседување на возачка дозвола при управување возило, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Притоа, статистичките бројки покажуваат дека најголем број од овие прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола (136) и Струмица (125), најмалку на подрачјата секторите за внатрешни работи Штип (35) и Охрид (43). Инаку, во рамки на посочениот период на подрачјето на СВР Скопје регистрирани се 72 вакви прекршочни санкции, СВР Тетово – 97, СВР Куманово -66, и СВР Велес со 54 прекршоци за непоседување на возачка дозвола. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата, посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Татко и син нападнале полициски службеници во Прилеп

Сите откупни тутунски компании ќе донираат за семејството Керимоски од Канатларци

Во чест на празникот доделeни престижните Третоноемвриски награди на град Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе