30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Нова владина мерка: времено вработување на пожарникари, најдобрите ќе се вработат

Владата ќе вработи 400 лица како нова мерка за намалување на ризикот од пожари и сите оние кои ќе покажат интерес ќе бидат трајно ангажирани, најави денеска портпаролката на Владата Марија Митева.

„Сите оние што ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите што се надлежни за оваа работа“, посочи Митева.

Пријавувањето ќе се одвива преку јавен повик, кој ќе биде објавен од страна на општините.

Во општините во моментот има околу 700 до 800 пожарникари. Согласно стандардите и бројот на жители, неопходно е да има најмалку 1.500 пожарникари.

Општина Прилеп ќе биде дел од 14 те општини кои се опфатени со мерката. Во прилепската противпожарна единица има потреба од ангажирање на 30 пожарникари.

Би можело да ве интересира

Екипата во футсал на „Ричко“ е четвртфиналист на Европското во футсал со реми над Белгија

Пела Редакција

Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Долнени

Редуцирани редовни линии – јавниот градски превоз се вклучува во штрајкот на ССМ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе