16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Салмонела кај 38 лица кои јаделе иста храна во фабрика во Прилеп

До Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на минатиот месец е пристигната пријава за епидемија со труење на храна во Прилеп предизвикана од бактеријата салмонела. Епидемијата била пријавена се вкупно 38 заболени лица кои консумирале иста храна во фабрика во Прилеп. Тројца од заболените се хоспитализирани.

Оттаму додаваат дека Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп извршил контрола во кујната на добавувачот на храна и во трпезарискиот дел на фабриката од каде што биле земени мостри за микробиолошко испитување. Дополнително биле предложени соодветни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки, како и редовно и континуирано одржување на хигиена во објектот и чување на прехранбените продукти.

„Објектот за припрема на храна беше затворен до добивање на негативни резултати од земените материјали. По преземање на сите потребни епидемиолошки мерки од страна на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп, епидемијата е одјавена на 11 јуни 2025 година“, додаваат од ИЈЗ.

Во инфомрацијата од ИЗЈ не стои името на доставувачот на храна и на фабриката.

Поратлот независен пишува:ТУКА

Епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ од прилепскиот Центар за јавно здравје го објаснува случајот на труење на работниците од третата смена во прилепската фабрика во два часот изутрината на 28 мај, кога при оброкот се затруле 38 од 75-те работници. Кај дел од нив имало потешки симптоми со висока температура, гадење, повраќање, кај другите болки во стомакот, нагон за повраќање. Но сите се излекувани. Се затруле од храната која доставувачот ја донел во третата смена,вели таа .

„За епидемијата дознавме по анонимна дојава упатена во Институтот за јавно здравје кој нѐ извести нас, но со задоцнување, на 4 јуни. Иако, дел од заболените, уште истиот ден, на 28 мај и во наредните два дена побарале лекарска помош кај своите матични лекари, дел во инфективното одделение или во Итната медицинска помош. Во нашата служба немаше пристигнато ниту една пријава за труење со храна или на зголемен број на ентероколити, односно проливи. По дојавата беа известени санитарниот здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство. Веднаш се побара список на сите вработени во фабриката кои конзумирале храна. Извршен беше увид во објектот каде се случило труењето и објектот, добавувач, местото каде се приготвувала храната. Во епидемијата, според нашите епидемиолошки податоци, заболеле 38 од 75 вработници, го објаснува случајот Мургоска Станимировиќ.

Би можело да ве интересира

Манифест за опстанок на македонското локално новинарство (ВИДЕО)

Молкот е издигнат до рамниште на лик во романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска (ВИДЕО)

Изгореа куќи во населбата Рид

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе