16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ЦЈЗ – Скопје понеделник ќе врши дезинсекција во Прилеп за уништување на комарците

Понеделник, 21 ви јули, на територијата на Општина Прилеп,  екипа на Центарот за јавно здравје-Скопје, ќе  спроведува првата фаза од ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци:

„Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини т.е места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течението на Градска река, делови од Дабички канал, Селечка река, област Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Ѓумушица, Сарика, Беровци, Кадино Село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Славеј, Мало и Големо Коњари.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер и дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден,“ стои во известувањето од Центар за јавно здравје Прилеп.

Би можело да ве интересира

Состојба со Ковид 19 во Прилеп

Состојба со корона вирусот во општина Прилеп, среда, 5 ти август

Концерт во Крушево „Со љубов за Тоше“ (16 години од последниот концерт на Тоше на 5 ти октомври)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе