16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп во чест на ИЛИНДЕН – слободата не се добива, таа се освојува!!!

Со поклон во чест на Илинден и почит кон хероите, делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, пратеникот Дејан Проданоски, претставници на институции, од Сојузот на борци, од политички партии, на здруженија, граѓани денеска положија свежо цвеќе пред гробот на Ченто, Ѓорче Петров, Кузман Јосифоски Питу, Пере Тошев, пред вечното почивалиште на борците од НОБ, кои ги дале својот живот за слободата на Македонија на Могилата на непобедените.

По повод  122 годишнината од Илинденското востание и првата република на Балканот, Крушевската Република и 81 година од АСНОМ градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески се обрати пред присутните:

На денешен ден, се сеќаваме, но и црпиме сила. Илинден не е само датум – тоа е симбол на непокорот, на стремежот за слобода, на државотворната мисла што го обликуваше идентитетот на македонскиот народ. 122 години од Крушевската Република и 81 година од АСНОМ – два Илиндена што го одбележаа патот кон македонската држава. Два настани што и денес нè потсетуваат дека слободата не се добива, таа се освојува, со знаење, со храброст, со работа, со љубов кон татковината. Градот Прилеп отсекогаш бил дел од таа приказна со своите херои, со своите борци, со својот народ кој никогаш не се откажал од идејата за правда и достоинство. Денес, наша должност е да продолжиме да го градиме тој пат со одговорност, со чесност и со верба во нашите заеднички сили. Нека овој ден нè обедини во почит кон минатото, но и во решителност за иднината. Да се гордееме со тоа што сме, и уште повеќе со тоа што заедно можеме да бидеме. Нека ни е честит и вековит Илинден!

Дел од присутните прилепски претставници се упатија на чествувањето на Илинден во Крушево, Смилево и Трново.

Би можело да ве интересира

Проданоски: Населбата „Градина“ треба да биде новата иднина на Прилеп

Целовечерен концерт на Трио Интерарт

ХРИСТОС СЕ РОДИ – ВИСТИНА СЕ РОДИ !!!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе