„Те чекам” од денес е во етер, малку театрална а истовремено едноставна, нешто слично на мене. Те чекам е тука за вас, а јас ги чекам вашите импресии-вели прилепчанката, Александра Трајческа за нејзината нова песна“, објавена таа деновиве.
Музиката, текстот и аранжманот ги потпишува Горан Пајак Трифуновски, кој се јавува и како режисер на спотот за песната.
Според гледаноста, коментарите и реакциите, песната веќе си го наоѓа патот до слушателите, а Трајческа најави дека подготвува и нови материјали.
Прилепчанката Александра Трајческа е победик на талент шоуто “Заблескај”која бше мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од ОРБИТ.

