16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Притворен прилепчанец кај кого е пронајден 100 грама кокаин

Полицијата уапси двајца мажи едниот од Прилеп, а другиот  од Кавадарци, откако при контрола на возилото, кај Валандово, кај едниот бил пронајден кокаин од околу 100 грама. СВР Струмица поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, а судот во Гевгелија им одреди мерка притвор од по 30 дена.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Кавадарци, со престој во Прилеп и против С.Р.(30) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон“, се вели во полицискиот билтен.

Имено , на 02.09.2025 на крстосница Валандово-село Чалакли, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки и на лицата кои го управувал С.Р., а сопатник бил А.К., била пронајдена бела грутчеста материја.

Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, каде во службен разговор кавадарчанецот А.К. признал дека белата грутчеста материја пронајдена кај него е кокаин со тежина од околу 100 грама.

Поради ова, во текот на вчерашниот ден, биле извршени претреси и на неколку локации на подрачјето на Прилеп, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.

Лицата А.К. и С.Р. биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена, информира МВР.

 

Би можело да ве интересира

Кај двајца од с. Дебреште пронајдени огревни дрва без документација

Пела Редакција

Полициски службеник нападнат откако ги фатил како крадат дрва

Малолетник тешко се повредил управувајќи мопед

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе