16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

MTV The Greatest Hits Volume 3 – Битола повторно во ритамот на најголемите хитови со Битолски Камерен Оркестар

По громниот успех на претходните изданија, на 13 септември (сабота) во Центарот за култура – Битола со почеток во 20:00 часот, Битола ќе биде домаќин на третото издание на еден од најпопуларните музички проекти кај нас – MTV The Greatest Hits.

Овој уникатен проект ја враќа магијата на златната ера на 80-тите и 90-тите, со нови аранжмани и свежа енергија што секој пат ја освојува публиката. По цела Македонија, па дури и во соседна Србија, интересот за концертите е огромен, а Битола со гордост ќе ја има честа повторно да биде центар на музичката еуфорија.
Во ова трето издание, подготвена е целосно нова програма со песни што одбележаа една епоха, изведени на еден поинаков и незаборавен начин.

Песните ќе бидат во изведба на Битолски Камерен Оркестар IWConnect и Наде Талевска, Полина Тасева, Огнен Димовски, Јана Бурческа, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Александра Трајческа и Алексеј Ивановски.

Настанот е на 13 септември во Центар за култура Битола  од 20:00 часот

Не пропуштајте вечер исполнета со хитови што сите ги знаеме и сакаме.

Билетите се веќе пуштени во продажба на ЛИНК и во
Тобако Димпо, Битола.

Би можело да ве интересира

Од 2 часот ноќеска започнува летното сметање на времето

Пела Редакција

Водовод ќе врши ревидирање на сметките за вода

Вечер на унгарски танци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе