15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Агресивни однесувања на поединци и физички напад врз внука – интервенирале полициските службеници во Прилеп

Неколку физички напади ,вчера, регистрирани во Прилеп – еден бил нападнат со дрвен предмет; бабата пријавила напад врз нејзината внука, а треисет и девет годишен прилепчанец агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија
ОД ПОЛИЦИСКИОТ БИЛТЕН  во Прилеп:
На 15.09.2025 во 17:15 часот во ОВР Прилеп, Ш.А.(22) од Прилеп пријави дека на ул.„Тризла“ во Прилеп бил физички нападнат од Т.М., кој употребил и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 15.09.2025 во 11:00 часот во ОВР Прилеп, 75-годишна жителка на крушевско село пријави дека во прилепско село, нејзината снаа за син физички ја нападнала својата ќерка, а нејзина внука. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 15.09.2025 во 13:35 часот на ул.„Теодосиј Синаитски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ј.Т.(39)  од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Загина маж на патот Прилеп-Крушево, излетал од патот

СВР Битола: физичка пресметка, нарушување на јавниот ред и мир, физички напад во Прилеп

Два случаи на насилство врз жени пријавени во полиција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе