21.5 C
Прилеп
вторник, 23 јуни, 2026
Пела Радио

Седумдневна програма по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Во организација на Општина Прилеп оваа година подготвена е богата седумдневна програма по повод 11 Октомври Денот на народното востание на македонскиот народ, исполнета со културно-забавни и спортски настани.

  • На 4 ти октомври, сабота од 10 часот започнува Меѓународниот традиоционален турнир во џудо „Прилеп град херој – 2025“ во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“, во организација на Џудо клубот Сеишен.
  • На 7 ми октомври со почеток од 17 и 30 часот во Градската библиотека Борка Талески ќе се одржи настан насловен „Низ стихови за татковината“ – Вечер со родољубива поезија.
  • Од 9 ти до 11 ти октомври на Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ од 9 и 30 до 16 часот ќе се одржува традиционалниот Фестивал на медот.

Од 9 ти до 12 ти октомври ќе се одржува „15 години Поетски слем Македонија – Театарска работилница – Прилеп од 18 до 20 часот на платото кај Саат Кулата.

На 9 ти октомври од 14 часот во Цепенков ќе биде отворена изложбата „Вечито“ по повод 100 години од раѓањето на архитектот Богдан Богдановиќ, автор на Могилата на непобедените.

  • На 10 ти октомври на платне во 12 часот на Плоштадот Методија Андонов Ченто учениците од прилепските училишта со нивните ментори ќе изведат перформанс – формирање на македонското знаме, а од 18 и 30 часот во Ликовната галерија при НУЦК Марко Цепенков ќе биде отворена изложбата на Друштвото на ликовни уметници Прилеп.

Истиот ден вечерта на 10 ти октомври, од 19 и 30 часот започнува свечената програма по повод 11 Октомври на Плоштадот Александија со изведба на македонската химна, со настап на КУД Пере Тошев и поздравен говор на градоначалникот Борче Јовчески. Програмата продолжува со импровизираниот напад на Участакот и огномет.  Вечерта е резервирана и за концерт на македонската музичка ѕвезда Влатко Лозаноски.

  • На 11 ти октомври од 9 часот општински и државни делегации, граѓани ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на прилепските херои Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и на Могилата на непобедените.

Во просториите на Црвениот крст Прилеп на 11 ти октомври, од 9 до 14 часот ќе се реализира традиционалната крводарителска акција, додека пак на платото кај Саат кулата од 10 и 30 до 15 часот ќе се одржи  Саем на земјоделски производи во организација на ЛАГ Агро Лидер. На булеварот Гоце Делчев и годинава од 10 до 19 часот ќе се одржува традиционалната презентација на автомобили олдтајмери – Тјунинг кар шоу.

  • На 12 ти октомври според програмата ќе се реализира Сава Мариово тура – велосипедска трка во организација на Нови маркови внуци. Стартот на трката е од 10 часот пред камената бина во центарот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Незнаење или пракса – На Мечкин Камен отежнат пристап за медиумите да известуваат

Рокот за собирање потписи за кандидат за претседател и пратеници започна- објавени имињата на кандидатите за претседател

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе