17.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Групата “Кнап“ следна на прилепската манифестацијата “Од 0 до култура“

 Групата Кнап ќе биде онаа која четврток (25.06.) вечерта ќе настапат на Камената бина, во рамките општинскиот проект насловен  “Од 0 до култура”.
Тоа е бенд составен од една девојка и неколку момци, кои едноставно обожаваат добра забава.
За нив жанровите не се важни, од поп и рок до најголемите хитови кои ги знаете. Нивната единствена цел е публиката да биде среќна, на нозе и да пее со нив.
Бендот ќе проба да ја оживее суровата емоција, џез-магијата и препознатливиот ретро-звук на неповторливата Amy Winehouse. Со огромна почит кон нејзиното творештво, во живо ќе ги пренесат безвременските хитови како „Back to Black“, „Rehab“ и „Valerie“.
Кој се КНАП?
• Ана Цветаноска – вокал
• Димитар Колевски – бас-гитара
• Стефан Самарџиоски – тапани
• Леонид Гешоски – гитара
• Леонид Насески – клавијатури
Музицирањето ќе започне во 21 ,оо часот!

Би можело да ве интересира

ЈП Комуна Крушево: Во Норово и Алданци водата да се преврива пред да се користи!

(ВИДЕО) Прилепска Пиварница со музички спектакл во центарот на Прилеп ќе го одбележи своето едновековно постоење

Почит кон своите претци и историјата – Средношколци од Германија во акција за уредување на германските гробишта во Прилеп и Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе